Драчевец нападнал полицаец кој сакал да го легитимира

840

Скопјанец нападнал полицаец откако тој се обидел да го легитимира во скопската населба Драчево, соопшти полицијата.

Според истиот извор, вчера околу 02.30 часот во Скопје, додека двајца полициски службеници вршеле патролна служба по улица Иван Хаџиниколов со службено возило, го забележале Б.А. како физички напаѓа друго лице. При обид да го легитимираат , тој почнал да ги навредува, а во еден момент физички го нападнал едниот полициски службеник.

Тој бил совладан и приведен во Полициската станица Драчево.