ДОМ бара санкционирање на инволвираните за вандализмот во МНТ

155

Зелената партија ДОМ го осудува вандалското однесување на посетителите во објектот на Македонскиот народен театар и бара од надлежните институции ефикасно разрешување на овој случај и соодветно санкционирање на сите инволвирани лица.

– Капацитетите на установите од областа на културата не треба да се користат за организирање настани со кои се руши угледот и се нанесува материјална штета на овие институции. Установите од областа на културата се бастион на уметноста и културата. Тие се јавно добро и им припаѓаат на граѓаните и на идните генерации. Затоа, должни сме да се однесуваме кон нив со достоинство и почит и да ги чуваме од уништување и вандализам.

Негувањето на културата и уметноста е од посебно значење и приоритет за секоја држава. Културата играла и ќе игра клучна улога во зачувувањето и промовирањето на вистинските етстетски и културни вредности, образованието и воспитувањето на идните генерации, зачувувањето на идентитетот и промоцијата на државата надвор од нејзините граници – наведе ДОМ преку соопштение.