Додека точел гориво на бензиска, му го украле автомобилот

709

Дваесет и осумгодишен штипјанец пријавил во полиција дека додека точел гориво на бензинската пумпа, непознато лице му го одзело автомобилот „Опел Астра“.

Сторителот користејќи згодна прилика со клучот кој бил на бравата, го ставил возилото во погон и заминал во непознат правец. По преземени мерки околу 14.50 часот на место викано „Ѓубриште“ во Велес од страна на полициски службници од Д.Т.(41) од Радовиш е одземено возилото и истото е вратено на пријавителот.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок