Директорот на Зоолошка бил повикан на разговор во МВР

1148

Ѓорѓи Галетановски, директорот на Зоолошката градина во Скопје, денеска бил повикан на разговор во Секторот за економски криминал откако бил пријавен од анонимно лице, објавуваат повеќе медиуми.

Причината поради која бил повикан во полиција е објава на неговиот фејсбук-профил во која стои „Да се шкртне „Северна“ од гласачкото ливче“ на изборите.

Галетановски давал исказ со времетраење од околу еден час, по што бил пуштен.