Децата најчесто се жртви на насилство во виртуелниот свет

66
Во Македонија во првата половина од годинава се регистрирани шест кривични дела од областа на интернет насилството

Насилството врз децата во виртуелниот свет најчесто останува непријавено поради страв и информатичка необразованост на родителите и на наставниците во однос на овој проблем. Ерата на Интернет, и сите позитивни ефекти што во современото општество стануваат основна алатка за работа и незаменлив канал за комуникација, носи со себе и извесна доза опасност.

Злоупотреба на претходно набројаните позитивни ефекти можат да прераснат во вистинско насилство што се одвива во виртуелниот свет (познато како сајбер-булинг). Постојат три типа врсничко насилство. Вербално врсничко насилство со користење навреди, закани и злобни и непристојни коментари. Врсничко насилство на социјалните мрежи, повредување нечија репутација и однос со другите врсници, со ширење лаги и наговарање на друштвото да отфрли некого. Врсничкото насилство некогаш вклучува физичкото насилство. Врсничкото насилство во виртуелниот свет претставува социјално врсничко насилство, но при неговата ескалација некогаш вклучува и други типови малтретирање. Насилството преку Интернет се базира на поттикнување групна омраза, напади на приватноста, малтретирање, следење, злоупотреба, небрежност пристап до штетни содржини, како и ширење на насилство и навредливи коментари. Не многу често има и испраќање сурови, понекогаш заканувачки пораки, како и создавање веб-сајтови што содржат приказни, цртежи, слики и шеги на сметка на жртвите. Во одредени случаи последиците можат да бидат полоши отколку во секојдневните ситуации. Овој вид насилството не се гледа сѐ додека не настане сериозен проблем и најчесто се погодени најранливи групи на населението. Врсничкото насилството во виртуелниот свет може да влијае врз сите генерации, но најчувствителна група се децата.

Во македонското законодавство не постои изразот „сајбер-булинг“. Затоа во законот нема одредба со која би можело директно да се влијае на овој вид насилство. Сепак во Кривичниот законик според членот 144, став 4 се вели дека за тој што по пат на информатички систем ќе се заканува дека ќе стори кривично дело се предвидува казна затвор од пет години. За 2017 година од МВР велат дека биле регистрирани пет кривични дела додека, пак, во периодот од јануари до јуни 2018 година регистрирани се шест кривични дела.
Сајбер-насилството е многу честа појава, со оглед на тоа дека децата и младите се најзастапената популација на Интернет и социјалните мрежи, па затоа тие се и најчестата жртва. Поретко, но и возрасните не се имуни на сајбер-насилството и најчесто се изложени на насилство оние што се осамени и бараат пријателство во виртуелниот свет. За разлика од нив, децата и младите се изложени на насилство од страна на возрасните, но почесто и од своите врсници. Примери за врсничкото насилство во виртуелниот свет има и во некои од земјите на Балканот.

Секоја комуникациска активност преку компјутерската технологија може да се смета како штетна за поединецот кога станува збор за интерпретирање и докажување на намерата за нанесување штета на другите. Но, во одредени случаи може едноставно да се докажат штетноста и вината. Во еден случај во нашиот регион споделените фотографии на апликацијата Вибер и СМС на една шеснаесетгодишна девојка по прекинот на љубовната врска, кои биле направени во текот на врската, подоцна биле објавени во јавноста. Случајот бил пријавен во полиција, но поради тоа што сторителот е малолетен законски не може да сноси одговорност. Сепак, реакцијата на заедницата и на општеството во кое младиот човек живее била соодветна. Тој бил вербално линчуван и јавно понижуван на училиште. Сите жители го имаат осудено чинот на овој млад човек, чиј идентитет останува необјавен.
Според Кривичниот закон на Босна и Херцеговина се исклучува применување кривична одговорност спрема деца, доколку тие не навршиле 14 години. Според тоа малолетник не може да носи кривична одговорност. Во одделот за компјутерски криминал не постои точна бројка што ќе ги расветли размерите на ова вид насилство. Во други земји на Балканот постојат случаи во кои млади луѓе се пријавени во полиција за врсничкото насилство во виртуелниот свет, но оваа бројка е многу мала. Во повеќето случаи, полицијата не добива пријави поврзани со сајбер-малтретирање или виртуелна злоупотреба преку Интернет. Тешко е да се поверува дека нема такви пријави иако е многу полесно да се разбере зошто. Најчесто се случува поради стравот од стигма, недоверба, недостиг од образование и информации на родителите и на наставниците. Насилството преку Интернет во најголемиот број случаи се игнорира или се минимизира затоа што не е толку впечатливо. На тој начин насилството продолжува да влијае врз своите жртви.

Во друг случај едно момче се има пријавено во центарот за ментално здравје поради губење на волјата за учење и посетување на училиштето. По разговорот со психолог објаснува дека бил исклучен од група врсници на фејсбук-група, која е од затворен тип и во која се наоѓаат сите негови соученици. Тој објасни дека „главниот“ ученик во класот не му дозволил да биде член на групата. Очигледно никој досега не разговарал со тој ученик за да му укаже дека тоа што го прави е класичен пример за еден сајбер-силеџија.
Ова момче не е свесно дека е жртва на сајбер-малтретирање, а наедно потсвесно почнува да го запоставува училиштето. Врсничкото насилство во виртуелниот свет во овој случај влијае како главна причина за губење интерес за училиштето и за наставните процеси. Наставниците главно не се членови на таквите фејсбук-групи и не знаат дека едно дете е изложено на врсничко насилство од страна на нивните соученици. Босна и Херцеговина има добри закони што се занимаваат со насилство, но кога станува збор за спроведување на законот тука настанува проблем од некоја причина и тоа најчесто недоволниот број докази што можат законски да се третираат, или надежта дека ќе се смири силеџијата доколку се заплаши.
Врсничкото насилство во одредени случаи може да го направи малтретираниот посилен, но, за жал, понекогаш и понесигурен во своите способности. Токму поради тоа, клучна е улогата на наставникот, чија обврска е да се грижи за ученикот.

Наставникот е вториот родител. Доколку не се обрне внимание на знаците на врсничкото насилство и не се детектираат навреме може да дојде до трагични последици. Особен проблем е затоа што врсничкото насилство се случува и надвор од училишните клупи и надвор од училишните часови. Сите наставници имаат полагано психологија и педагогија според тоа би требало да знаат да препознаат врсничкото насилство. Најпрво како луѓе, а потоа и како наставници да се заинтересираат за таквите случаи и да помогнат. Да се зборува за интернет-насилство како посебен вид насилството и создавање дебата за врсничкото насилство во виртуелниот свет е потребно. Тој процес е долг и сложен затоа, исто така, е потребно да се работи на елементарно подобрување на меѓучовечките односи, особено да се врши влијание на младите со тоа што ќе учат да имаат повеќе разбирање и емпатија.