Дете настрада поради силниот ветер

131

Едно тринаесетгодишно дете е повредено откако вчера попладнето од силниот ветар врз глава му паднала тенда на игралиште во Топаанско Поле во Скопје.  

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера попладнето околу 17.30 часот на игралиште на улица „Ѓорги Поп Христов“ во Топаанско Поле во Скопје додека 13-годишното дете играло со други деца. 

По несреќата детето било пренесено во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.