Дескоска: Јанева ја носеа на маички, а ја урниса довербата на граѓаните

530

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју рече дека е многу разочарана од однесувањето на екшефицата на СЈО, Катица Јанева, која е обвинета во предметот „Рекет“ на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

– Mислам дека една од главните причини за рушење на довербата на граѓаните во правосудството генерално беше и ова што се случи со неа. Значи, граѓаните ја носеа неа на маички, сега одеднаш, жената во која се гледаше синонимот на правдата, веднаш да падне на толку ниско ниво да ги разочара сите граѓани и сите очекување, мислам дека е нешто што силно го здрма правосудството – рече Дескоска.

Министерката кажа дека очекува сите инволвирани во постапката да одговараат. Таа во интервјуто говореше и тоа што би опфатил ветингот т.е. проверката на судиите и обвинителите во судството, за застарувањето на предметите во судовите, за извршителите и на други актуелни прашања.