Дескоска: Барањето за екстрадиција ќе биде испратено најдоцна утре

182
Фото: Игор Бансколиев

Барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски со пропратната документација треба да бидат испратени во Унгарија денеска или најдоцна утре -најави министерката за правда Рената Дескоска одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на тркалезна маса за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување.

Покрај документација за предметот „Тенк“ во кој Груевски е осуден на двегодишна затворска казна, на унгарските власти ќе бидат доставени документи и за сите обвиненија и истражни постапки што се водат против него.

Таа смета дека има правен основ за екстрадиција на Груевски и очекува тој да биде екстрадиран.

Според неа, нема причина Унгарија да му додели статус на азил и очекува неговото барање да биде одбиено.