Десетгодишно дете тешко повредено по удар на автомобил

201

Автомобил управуван од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете-пешак на возраст од 10 години, синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“.

Од МВР информираат дека детето во незгодата се здобило со тешки телесни повреди, по што било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.