Депортиран македонски државјанин кој во Сирија се борел за Исламска држава 

375

Турција депортирала македонски државјанин кој се борел во Сирија на страната на Исламска држава (ИД). Покрај него депортиран и еден германски државјанин, информира турското Министерство за внатрешни работи. Двајцата биле дел од терористичка група, па откако биле заробени се депортирани од Турција во нивните земји.Тие биле заробени во Сирија како припадници на ИД.

Владата во Анкара најави дека ќе продолжи да ги враќа заробените терористи во матичните земји и покрај противењето на некои европски држави.Според податоците на турското МВР, лани од Турција во нивните земји на потекло биле депортирани 780 странски терористи.