Дел од ограда падна врз жена во Стајковци

223

Дел од ограда на куќа во изградба падна врз шеесет и четиригодишна жена од скопското село Стајковци.

Од полицијата информираат дека настанот се случил вчера напладне додека жената се движела по улица.

Таа е префрлена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот, велат од МВР.