Девојче се спасило од силување додека пасело овци

666

Шеснаесет годишно девојче успеало да се спаси од силување во село во околината на Виница, соопшти МВР.

Според истиот извор, во понеделникот во периодот од 14 до 14.30 часот во атар на селото, додека 16-годишно девојче ги напасувало овците, непознато лице се обидело да ја силува. Девојчето успеало да се ослободи и побегнало кон семејната куќа.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.