Девојче повредено во тешка сообраќајна несреќа на Качанички пат

240

Во тешка сообраќаjна несреќа која попладнево се случила на Качанички пат повредено е девојче кое во инцидентот се здобило со скршеница на потколеницата.

Во сообраќајката учествувале два автомобила марка „голф“, а од силината на ударот тие претрпеле големи оштетувања.

За да го извадат девојчето кое било во едно од возилата, пожарникарите морале да ја сечат згмечената каросерија.

Засега нема информација за здравствената состојба на другите патници во автомобилите.

Се врши увид на местото на несреќата, по кој ќе се знае повеќе за причините кои довеле до истата.