Две маскирани лица ограбиле сендвичара во Скопје

649

Две маскирани лица синоќа со закана со нож ограбиле сендвичара  на булеварот Крсте Мисирков во Скопје.

Како што соопшти МВР, грабежот синоќа во 23,30 часот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Скопје, а при грабежот под закана со нож од биле одземени 8.400 денари, по што лицата го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.