Две лица убиени во грабеж во казино во Скопје

964

Утрово околу пет часот дошло до пукање во казино на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје пришто убиени се две лица.

Од МВР јавија дека во казиното влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните, при што го погодиле В.Х.(22) од Косово, кој починал на местото. Дваесетгодишник со иницијали Б.Н., кој работел како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал.

Според пријавеното, потоа од касата вооружените лица го одзеле дневниот промет и заминале.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.