Две лица со пиштол насилно сакале да влезат во автобус на ЈСП, еден уапсен

1487

Две лица попладнево се обиделе насилно да влезат со пиштол во автобус број 16 на Јавното сообраќајно претпријатие, потврдија од МВР.

Во 13.30 часот е пријавено дека во автобус број 16 на улица „11 Октомври“ во близина на Собрание на РМ, две лица со возило застанале до автобусот и се обиделе со употреба на пиштол насилно да влезат во него.

Откако не успеале во обидот почнале да бегаат во насока кон Драчево, по што едниот од нив е приведен во полициска станица Кисела Вода, а по другото лице се трага.

Полицијата го пронашла пиштолот бидејќи тие додека се возеле го фрлиле пиштолот по пат.

Во тек е истрага за случајот.