Две лица повредени откако мотор излета од патот

51

Мотоцикл „Сузуки“ управуван од 26 годишниот Т.Ј. од село Оризари вчера вечерта излетал од магистралниот пат Штип – Делчево.

-Возачот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил препратен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, додека неговиот сопатник – З.И. (17) од село Чифлик се здобил со телесни повреди и бил задржан на лекување во болницата во Кочани, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.