Две лица повредени во судир на воз и комбе

89

Две лица се повредени во судир на воз и комбе што се случил на пругата помеѓу железничката станица „Радуша“ и железничката станица „Јегуновце“.

Според информациите на МВР, вчера во 17,15 часот било пријавено дека на пругата помеѓу железничката станица „Радуша“ и железничката станица „Јегуновце“ се случила несреќа помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево и товарно моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(44) од Тетово.

Во незгодата возачот и сопатникот М.А.(56) од Тетово се здобиле со повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот.