Две лица повредени во сообраќајка на Партизанска

191

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу две возила што се случи на булеварот Партизански одреди, во близина на „Сити мол“.

Повредените се пренесени во болница, а полицијата врши увид на местото на несреќата.