Две лица од струмичко криумчареле мигранти

111

Двајца жители на струмичкото село Градошорци се осомничени за криумчарење на мигранти од Бангладеш, Авганистан, Пакистан и Ирак.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривични пријави против А.А. (27) и И.М.(27) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“.

На 10 февруари на регионалниот пат Валандово – Струмица, кај село Костурино, пријавените со камион „киа беста“, превезувале 15 мигранти од Бангладеш, додека на 21 февруари на регионалниот пат Струмица – Бања Банско, кај село Банско, со камион „фиат дукато“, превезувале 47 мигранти од Авганистан, 13 од Пакистан и еден од Ирак.