Две лица на рулет противправно се стекнале со 1,5 милиони денари

121

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривични пријави против две лица кои со манипулација во казино противправно стекнале 1.486.383 денари.

М.М. (21) од село Волково се товари за „затајување“, а О.А. (24) од село Сарај за „потикнување“.

М.М. како вработена во казиното на О.А., по претходен договор, му издавала кредити за „рулет“ за кои тој не извршувал уплата.