Два пожара во Росоман

291

Два пожара избувнаа вечерва во Росоман. 

– Прво гореше над бензинската пумпа кај Сирково. Двајца пожарникари со едно противпожарно возило ги гаснеа запалените сува трева и отпад и не дозволија пламените јазици да се прошират и да ја загрозат бензинската, го локализираа пожарот – појаснија од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

Пожарот што засега гори кај железниот мост зафатил шума и насади со праски. Во гаснењето учествуваат четворица пожарникари со две противпожарни возила.