Двајца полицајци тепале осуденик во затворот во Струмица

176

СВР Струмица поднесе кривична пријава против полициските службеници П.П.(31) од с.Василево и А.М.(25) од Струмица, поради кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, казниво по член 143 од Кривичниот законик.

Тие на 01.12.2020, постапувајќи по наредба за вршење на служба, околу 09.45 часот, додека биле во КПУ – Затвор Струмица, со цел да извршат достава на пресуда од Основен суд Скопје 1 на осуденикот Ј.А. од Струмица, постапиле несовесно за време на вршење на службата.

Според МВР, откако Ј.А. почнал непристојно да се однесува кон нив, тие физички го нападнале во присуство на вработени од затворот. Веднаш по пријавување на настанот, полициски службеници од СВР Струмица во содејство со полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола презедоа мерки за целосно расчистување на настанот, соопшти полицијата.