Дваесет и тригодишен гевгеличанец силувал малолетно девојче

246

Дваесет и тригодишно момче од Гевгелија со употреба на сила извршил обљуба врз малолетно девојче. Случајот го пријавила мајката на девојчето, а А. В. е пронајден и уапсен.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негова наредба, над оштетената и сторителот биле извршени прегледи во Институтот за судска медицина – Скопје, а бил извршен и претрес во домот на А. В..

По извршените прегледи, А. В. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.