Дваесет и петгодишно момче во притвор поради силување дете

250

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишно лице од село Дебреште, осомничено за продолжено кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот од почетокот на април 2020 година до 20 јули годинава, во атарот на селата Лажани и Дебреште и во Прилеп, извршил обљуба врз девојче за кое знаел дека нема наполнето 14 години. Тој со девојчето остварил контакт преку социјална мрежа и во април се договориле да се сретнат пред портата од дворното место во куќата каде живеела оштетената. Кога пристигнал, тој побарал од неа да влезе во возилото на совозачкото седиште, со уцена дека доколку не го стори тоа во јавноста ќе пуштел фотографија која оштетената му ја испратила претходно на Фејсбук. Оштетената влегла во возилото, по што тој ја однел на друга локација и извршил обљуба врз неа, иако таа за цело време давала активен отпор.

На 18 јули, повторно со уцена, осомничениот ја принудил оштетената да влезе во возилото, па заедно отишле во домот на осомничениот во Дебреште. Таму се задржале се до моментот кога добиле сознание дека во куќата доаѓа полицијата, по барање на родителите на оштетената и по наредба на ОЈО Прилеп, за да го врати девојчето кај родителите. Тогаш со возило кое го возел братот на осомничениот ја напуштиле куќата и отишле во неговата куќа во Прилеп, каде биле оставени сами.

Осомничениот, во една од собите, без согласност на девојчето извршил обљуба врз неа. На 20 јули, криејќи се од полицијата, тој ја донел малолетничката во стариот дел од куќата каде што живеел во Дебреште и повторно без нејзина согласност извршил обљуба врз неа. Против осомничениот, надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​