Дваесетгодишно момче од Арачиново осомничено за продажба на марихуана

132

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 20 години поради основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот во својот дом во Арачиново, неовластено, заради продажба, држел марихуана со нето-маса 1007,8 грама, скриена во плакар во подрумската просторија. Дрогата била пронајдена и одземена при претрес во домот на 23 февруари.

Поради опасност осомничениот да се крие или да се даде во бегство, но и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор.​