Група во која се споделува интимна содржина од малолетни девојчиња ја вознемири јавноста

2881

Фотографии од малолетни девојчиња од земјава со интимна содржина, видеа на раб на порнографија се споделуваа до вчера во затворената група „Јавна соба“ креирана на апликацијата „Телеграм“, која до тогаш броеше над 7.400 членови.

Според коментарите се претпоставува дека се работи за средношколки и основки од земјава, но во групата има и возрасни.

Сите членови се со псевдоними, дури и имиња на ликови од филмови како и на актуелни политичари.

МВР уште вчера го вклучи алармот. Се бара администраторот и кој се членувал во групата но и колку време постоела.

Надлежните алармираат и до наставниците и до родителите на поголемо внимание што прават нивните деца. За сега нема ниту една пријава од родител.