Груевски: Обвинението во „Титаник“ е со цел да се изврши политички геноцид

869

Главната расправа за предметот „Титаник“ на СЈО е закажана за 31 мај. Во предметот обвиненти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко…

Во Кривичниот суд Скопје 1 денеска воведни говори дадоа останатите адвокати на одбраната и дел од обвинетите кои се повикаа на помилувањето на претседателот Ѓорге Иванов за што рекоа дека и Врховниот суд на Грција потврдил дека амнестијата е во правна сила, па затоа одлучил да не ги екстрадира Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

Адвокатите во повеќе наврати посочија дека се соочуваат со контрадикторно обвинение и дека ќе докажат за апсурдноста на наводниот мотив на обвинетите. Одбраната рече дека ќе докажат дека обвинетите на превземале никакви дејствија за обвинението злосторничко здружување.

Одбраната на обвинетата Катерина Велоска на судот му посочи да не се земаат во предвид сведочењата на тројца новинари кои, според неа, сториле прекршок против јавниот ред и мир со тоа што додека правеле новинарска сторија се јавувале кај гласачи и се претставувале дека се од центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот премиер Груевски повтори дека ова обвинување и сите други се со цел да се направи политички геноцид на една политичка партија, која легитимно ја водела државава со поддршка на голем број граѓани.

– ВМРО-ДПМНЕ ги добиваше сите избори од 2005-2016 со огромна разлика во гласовите и сите беа набљудувани од странски организации. Аспурдно е да бидам обвинуван – рече Груевски.

Предметот на СЈО „Титаник“, како класична конструкција го оцени поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, за чие обвинение рече дека ќе докаже дека изборите биле во согласност со законите. Тој од судот побара да се направи и вештачење на хардискот на партијата СДСМ кои ги предале разговорите во СЈО.

Поранешната прва полицајка Гордана Јанкуловска смета дека се направени повреди на правото за правично судење и рече дека очекува во главната расправа да се разјаснат фактите.

Актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, пак, рече дека обвинението за него е без докази и потенцира дека секоја постапка што ја презел во партијата била во рамки на законски прописи.

Градоначалникот на Пустец и претседател на наголемата партија на Македонците во Албанија, Едмонд Темелко, рече дека е обвинет за организирано вадење на лични документи на жители на Пустец и појасни дека неговите сограѓани ваделе документи од економски причини, бидејќи Ресен е исто толку оддалечен од Пустец колку и Корча. Потврди дека за поединци се јавувал во МВР и Церинската Управа со цел да им се помогне на неговите сограѓани што имале проблеми. Во однос на обвинението за поткупот рече дела би имало правна поткрепа доколку е обвинет од албанското обвинителство, бидејќи таму учествува на избори и дека немал потреба да дава пари за некој во Македонија да стане градоначалник.