Груевски нема да одговара за „Траекторија“

500

Судот заклучи дека настанала апсолутна застареност за гонење на Никола Груевски во предметот „Траекторија“ за кинеските автопати, со што државата ќе ги плати сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против поранешниот премиер.

Ваквата одлука уследи по барањето за констатирање застареност доставено до судот од страна на адвокатот што му беше одреден на Груевски по службена должност. Барањето се должи на истекот на шест години од времето кога делото е сторено, според обвинението на СЈО, без да има правосилна пресуда.

Денешното рочиште за „Траекторија“ не се одржа, поради здравствени причини на вештакот кој испратил и лекарска потврда до судот.

Груевски  беше обвинет во „Траекторија“ за примање на награда за пртотивзаконско влијание. Судењето продолжува за поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски кои одговараат за злоупотреба на службената положба.