Граната од Првата светска војна пронајдена кај село Брест

111

Артилериска граната од Првата светска војна била пронајдена кај селото Брест, Македонски Брод.

Според информациите од полицијата, во саботата Б.М.(46) од село Косово, општина Македонски Брод, пријавил дека по патот за село Брест пронашол артилериска граната 75 милиметри од Првата светска војна.

Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување од Кичево гранатата била безбедно подигната.