Граната од Првата светска војна пронајдена кај Трново

196

Артилериска граната од Првата светска војна вчера била пронајдена кај село Трново, Битолско.

Според информациите на МВР, гранатата била пронајдена при ископ на канал. Гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.