Граната од Втора светска војна пронајдена во двор во Велес

224
Фото: Илустрација

Граната од Втората светска војна била пронајдена во двор на куќа во Велес, информира МВР.

Според инфорациите од МВР, вчера било пријавено дека во Велес на улицата Академик Пенчо Давчев во двор од куќа сопственост на Т.К. била пронајдена граната од Втора светска војна.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната за понатамошна постапка.