Градот Скопје најави парична помош од два милиони денари за семејствата на загинатите од Скопје во автобуската несреќа што пред два дена се случи во соседна Бугарија.

– На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на својата наредна седница ќе одлучува за доделување на парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите – информираа од прес-службата на градот.

Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување.