Го удрил со возилото, а потоа излегол и да го тепа

134
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Скопјанец на возраст од 68-години пријавил дека бил удрен од возило, а потоа и физички нападнат од страна на возачот.

Според пријавеното, настанот се случил вчера на  крстосница од улицата „11 Октомври“ и улицата „Филип Втори Македонски“.

– Тој бил удрен од возило, управувано од Д.С.(56) од Скопје, кој потоа излегол од возилото и физички го нападнал пријавителот. Се работи на расчистување на случајот – велат од МВР.