Гостиварец починал во авион на летот Базел – Скопје

227

Седумдесет и четиригодишен гостиварец починал во авион на летот Базел – Скопје.

Според информациите на МВР, ноќеска, половина час по полноќ,  на Меѓународниот aеродром-Скопје пристигнал авион што летал на релација Базел-Скопје и било пријавено дека во него имало лице кое не дава знаци на живот.

Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство кај К.К.(74) од Гостивар.