Гори депонијата кај „Борис Трајковски“

134

Густ чад и лош мирис се проширија низ Карпош откако дивата депонија во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ повторно е во пламен, при што огнот го зафатил натрупаниот отпад, како и дрвја, пренесуваат повеќе медиуми.

Според тврдењата на очевидци пожарот избил околу осум часот утринава.

Депонијата која се наоѓа кај кејот на реката Вардар и е на два километри од центарот на Скопје, гореше и во април минатата година.