В недела во прекин сообраќајот на патот од Кавадарци кон Росоман

54

Поради градежни работи в недела ќе има прекин во сообраќајот на патот од Кавадарци кон Росоман и обратно, информираат од кавадаречкото Јавно претпријатие „Комуналец“.

– Ќе се изведуваат градежни работи за поставување атмосферска канализација на Западен булевар, на потегот од Северен булевар  до Флот стакло. Прекинот на сообраќајот во двата правци ќе биде во времетраење од пет часа и тоа од 7 до 14:30 часот – вели Бојан Атанасов, раководител на Секторот за водовод и канализација.

Ќе се пропуштаат само возилата на брза помош. Во случаи на неодложни работи, од претпријатието препорачуваат да се користи заобиколниот пат покрај Дреново до Росоман.

Земјоделците и останатите корисници на земјоделски машини можат да ги користат и заобиколните полски патишта.