Втор сведок во „Рекет“: Во домот на Јовановски доаѓаа познати личности и политичари

583

Вториот сведок во „Рекет”, Драгана Колевска, која хонорарно работела кај обвинетиот Бојан Јовановски, рече дека во неговиот дом доаѓале познати личности, меѓу кои и политичари.

-Кај Бојан Јовановски имаше реновинарање, промена на ентериерот на дневната соба, а дали е купувано не знам, немам видено фактури. Тој купи телевизор по реновирањето. Сликите ги донесоа двајца од галерија, ги оставија. Во домот на Јовановски доаѓаа познати личности, политичари. Еднаш дојде Шекеринска, Катица, еднаш има дојдено Стефан Богоев, Кирацовски, Лила Филиповска, Анета Кочишки, Орце Камчев, Зоран Милевски – рече сведокот Колевска.

На потпрашање од адвокатот Сашо Дуковски дали со Орце Камчев и Зоран Милевски дошол и министерот Венко Филипче, таа одговори потврдно.

Вработената во домот на обвинетиот Бојан Јовановски, во својство на сведок на рочиштето за „Рекет” кажа дека осудениот Зоран Милевски-Кичеец се чуствувал како дома кога доаѓал во домот на Јовановски. Според неа, Милевски доаѓал секој ден, а понекогаш и два пати во денот. По завршуваше на сведочењето, Колевска размени бакнеж со Јовановски.

-Зоран Милевски беше чест гостин, доаѓаше скоро секој ден, некогаш и по двата во денот. Влегуваше слободно без да чукне на врата. Јас ги послужував со кафе, сок, некогаш и јадење. Милевски доаѓаше со повеќе коли, имам запаметено портокалов и црн џип. Имаше општи разговори, но не опасни – рече Драгана Колевска.

Со Јовановски имаме коментирано дека Милевски се има однесувано во станот како во своја куќа. Во комплексот каде живее Јовановски имаше обезбедување, рече сведокот, додавајќи дека во домот на Јовановски доаѓале и новинари од 1ТВ како Ацо Кабранов, Анета Кочишки, новинарите кои ја работеле емисијата „Инсајдер”, Гордана Дувњак, Јадранка Костова.

Следното рочиште е закажано за 3 јануари.