Вработен во погребално во Бутел пронашол граната додека копал гроб

237

Вработен во погребален сервис Бутел вчера во полицијата пријавил дека на гробиштата од црквата Свети Никола во селото Мирковци, додека копал за гробно место, пронашол граната.

Од полицијата информираат дека гранатата била со должина од околу 30 сантиметри.

Увид бил извршен, а гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.