Во Тетово исчезна шестодишно дете од Прилеп

259

Родител од Прилеп во претпладневните часови на 20 мај во полиција пријавил дека неговиот шестгодишен син се изгубил во Тетово.

Според пријавата, на детето му бил изгубен траг на 18 мај околу 21.00 часот, кога си играло на детско игралиште во забавниот парк на Спортскиот центар во Тетово.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на шестгодишното момче.