Во Струмица казнети 116 возачи

467

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Струмица.

Притоа изречени се вкупно 116 санкции, меѓу кои 32 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), а санкционирани се и шестмина мотоциклисти.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот – велат од МВР.