Во сообраќајка повредени четири лица меѓу кои и 6-годишно дете

448

На магистралниот пат Штип-Делчево кај место викано “Голем брег“ атар на селоТркање, синоќа во 20:40 часот се случила сообраќајна незгода.

Учесници во сообраќајката биле патничко моторно возило „Цитроен“ со кочански регистарски ознаки управувано од И.М. (36) од Кочани во кое како сопатник било шестгодишно дете и трактор „Масеј Фергусон“ исто така со кочански регистарски ознаки управуван од О.С. (35) со сопатничка Б.Ц. (57), двајцата од село Тркање, кочанско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.С. додека со телесни повреди се здобиле О.С., И.М. и шестгодишното дете.

На повредените им била укажана лекарска помош во Здравствен дом Кочани. Извршен е увид на местото на настанот.