Во Скопје казнети 29 возачи за брзо возење и алкохол

33

Полицијата вчера од 6 до 24 часот спроведе акција за откривање возачи кои низ скопските улици возеле со брзина поголема од дозволената.

Во акцијата казнети се 17 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени биле и 25 останати прекршоци, за кои се издадени 11 мандатни платни налози и 14 прекршочни платни налози.

За откривање на возачи под дејство на алкохол, пак, се спровела акција која траела синоќа од 22 часот до 4 часот утрово при што казнети биле 12 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол.

Откриени биле и 26 останати прекршоци, за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози.