Во прекин сообраќајот кај Сопотско, се пренасочува низ Царев Двор

240

Тешко товарно моторно возило се преврте попладнево на патниот правец Ресен-Битола кај местото викано „Сопотско“. Сообраќајот е во прекин.

– Во сообраќајната несреќа учествувало тешко моторно возило марка „Мерцедес“ кое од непознати причини се превртело на магистралниот пат, истиот го попречило и е во прекин. Возачот на тешкото моторно возило се здобил со лесни телесни повреди, а полициски екипи вршат увид на местото на сообраќајната незгода. До отстранување на тешкото моторно возило од магистралниот пат, сообраќајот се пренасочува и ќе се одвива низ населеното место Царев Двор, потврдија од СВР-Битола.