Во Кочани убиен 55-годишен маж

1871

Педесет и петгодишен маж е пронајден мртов со убодна рана во градите во неговиот дом во Кочани.

Утрово, во 5.20 часот, Д. С. (30) од Кочани пријавил дека во семејниот дом на улицата Климент Охридски во Кочани, татко му В. С. (55) со остар предмет ја нападнал мајка му Н. С. (46).

Според информациите, мајката добила повреди и била пренесена во болницата во Кочани.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што пронајдено е безживотното тело на В. С. со убодна рана во пределот на градите.

Во тек е увид од страна на јавен обвинител и екипа на ПС Кочани. Се работи на расчистување на случајот.