Во камион пронајдени над сто килограми марихуана, приведен маж од валандовско

408

Граничната полиција на преминот „Табановце“ ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е возачот на камионот, М.К.(66) од валандовското село Јосифово.

Како што информираат од МВР, камионот бил запрен на граничниот премин по добиени оперативни сознанија. Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дроги во кооординација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, СВР Куманово, во содејство со царински службеници извршиле претрес на возилото, при што во дополнителен резервоар биле пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од над 100 килограми, еден пиштол „МАУСЕР“ калибар 7,65 мм, една рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм и еден пригушувач за пиштол.

Лицето било приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.