Во камион на патот Штип-Радовиш пронајдени 40 мигранти

448

При контрола на камион со скопска регистрација на регионалниот пат Штип-Радовиш, полицијата пронашла 40 мигранти, од кои 12 малолетници.

Како што информираат од МВР, полицајци во попладневните часови на 13 јуни на местото викано Шести километар, запреле товарно возило „мерцедес“, управувано од 46-годишен жител на скопското село Петровец.

При контрола во возилото биле пронајдени 40 мигранти (26 од Пакистан, 10 од Сирија и 4 од Египет). Возачот бил приведен и задржан во Полициската станица – Штип, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.