Во Гостивар уапсени дилер и разбојник осудени на затворски казни

81

Две апсења на гостиварци осудени на отслужување затворска казна биле спроведени во попладневните часови на 2 октомври од страна на полицијата во овој град.

Како што информираат од МВР, првото апсење било спроведено околу 13 часот на улицата Мајор Чеде Филиповски, при што бил приведен 35-годишник осуден на затворска казна за сторено кривично дело тешка кражба.

Околу два часа подоцна на гостиварската улица Седек Костовски се случило уште едно апсење. Полицијата привела 31-годишен дилер осуден на затворска казна.

Двајцата уапсени биле предадени во затворот „Тетово“ за издржување на нивните казни.