Во Гостиварско повредени дрвосечач и градежен работник

236

Во изминатото деноноќие во гостиварско се регистрирани два случаи на повреда при работа. Во едниот повреден е дрвосечач, а во вториот, тешко повреден е градежен работник.

Според СВР Тетово, вчера А.И. (48) од од долнореканското село Требиште, додека сечел дрва во месноста „Осој“, се самоповредил откако на главата му паднало дел од дрвото. По укажаната лекарска помош во Здравствениот дом Ростуше и гостиварската општа болница од каде е упатен и задржан на скопските клиники. Увидот на местото ќе се врши денеска.

Утрово во гостиварската болница со тешки повреди бил згрижен А.Џ. (29) и препратен на скопските клиники. Повредите ги задобил при пад од ѕид на објект во изградба.