Во Бутел запленети 300 килограми марихуана

762

Полицијата при претрес на домот на триесетгодишен скопјанец во населбата Бутел откри и заплени 300 килограми марихуана.

-Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје денеска, врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија од преземени мерки и активности, изврши претрес во домот на Х.Е. (30) од Скопје, општина Бутел. При претресот пронајдени се 229 кеси со марихуана со вкупна тежина од околу 300 килограми. Х.Е. е приведен, а марихуаната е предадена за вештачење и мерење, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против Х.Е. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено во член 215 став 1 од КЗ на РМ.